Поради долна облека или костими за капење може да завршите во затвор: Во овие држави казните се строги доколку поседувате некој од овие предмети (фото)

Низ светот постојат различни прописи за пренос на стоки и производи преку границите.

Некои земји имаат поригорозни правила од другите, па секогаш е добро навреме да дознаете што и во колкави количини смеете да земете кога одите на патување во одредена земја.

Кога станува збор за поинтимни работи, како што се играчките за возрасни, последиците можат да бидат исклучително сериозни, па дури и да завршите во затвор. Еве список на земји каде секс играчките се дефинитивно забранети:

ТАЈЛАНД

Во последниве години, далечните и егзотични дестинации станаа привлечни за нашите граѓани, вклучувајќи го и Тајланд. Поседувањето на секс играчки овде е строго нелегално. Ако ве фатат на дело, подгответе се до три години зад решетки и голема казна од 60.000 бати (околу 1.500 евра).

САУДИСКА АРАБИЈА

Тука исто така немаат толеранција за овој вид играчки, порнографија или нешто што личи на долна облека, бикини или костими за капење. Ако ве фатат со некоја од овие примамливи предмети, може да се соочите со протерување или затвор.

ОБЕДИНЕТИТЕ АРАПСКИ ЕМИРАТИ

Ако патувате во ОАЕ, не ни помислувајте да понесете секс играчки. Чувајте ги надвор од вашиот куфер затоа што тоа е кривично дело таму.

МАЛДИВИ

Според веб-страницата на царината на Малдивите, играчките за возрасни се забранети, како и порнографски материјали вклучувајќи книги, списанија, филмови, видеа, ДВД-а. Малдивите строго го следат шеријатскиот закон, па оттука е и религиозната основа на забраната.

ВИЕТНАМ

Патниците кои патуваат во Виетнам кои со себе носат играчки за возрасни ќе бидат принудени да им ги предадат на царинските службеници и тие ќе бидат задржани додека патникот повторно не се врати во сооствената земја.