Поради крвна одмазда 5 члена од семејството Гаши осудени на 84 години затвор: Ја убиле жртвата во “сачекуша”
На 28.04.2022 година околу 20.30 часот во село Волујак на паркинг од ресторан во однапред подготвена заседа го убиле Ф.Х.
Во Основниот суд во Пеќ денеска беше изречена пресудата со која петмината обвинети Недрим, Басрија, Агрон, Ардит и Бахри Гаши беа осудени на 84 години затвор за убиството на Ф.Х. во селото Волујак кај Клина.
Недрим Гаши е осуден на 28 години затвор за кривично дело тешко убиство во соизвршителство, за второто кривично дело тешко убиство во обид на 10 години, за третото носење оружје без дозвола на една година затвор, но единствената затворска казна е „намалена“ на 28 години затвор, информираат од тој суд.
Обвинетиот Басри Гаши е осуден на 11 години затвор за сторено кривично дело тешко убиство во соизвршителство, а за второто кривично дело тешко убиство во обид на 6 години затвор.
Третообвинетиот Агрон Гаши е осуден на 11 години затвор за прво кривично дело тешко убиство во соизвршителство, а на 6 години затвор за кривично дело тешко убиство во обид, но е осуден на единствена казна од 15. години затвор.
Четвртообвинетиот Ардит Гаши е осуден на 10 години затвор за сторено кривично дело тешко убиство во соизвршителство и 5 години затвор за тешко убиство во обид, но судот му изрече единствена казна затвор од 13 години.
Петтообвинетиот Бахри Гаши е осуден на 10 години затвор за сторено кривично дело тешко убиство во соизвршителство и 5 години за тешко убиство во обид, но е осуден на единствена казна затвор од 13 години.
Времето поминато во притвор ќе биде вклучено во нивната затворска казна.
На 28.04.2022 година околу 20.30 часот во село Волујак во општина Клина на паркингот во ресторанот „Вила Парк“ го одзеле животот на Ф.Х., во сачекуша, во однапред подготвена крвна одмазда.