Поради Милорад Додид Германија воведува нови санкции против Република Српска – нема да им дадат 105 милиони евра: “Продолжуваат да ја ескалираат политичката криза!“

Владата на Германија одлучи да го прекине финансирањето на четири развојни проекти кои требаше да се реализираат на територијата на Република Српска (РС), а оваа одлука е директен резултат на ултра-националистичката политика што ја водат властите на овој ентитет, соопшти германската амбасада во Босна и Херцеговина во средата.

Така, Владата во Берлин одлучи да го запре финансирањето на два проекта за реновирање на хидроцентралата во Требиње, изградба на фарма на ветер во источна Херцеговина и систем за третман на отпадни води во Градишка.

Сите четири проекти се во вредност од 105 милиони евра, а досега нивното финансирање беше во суспензија, откако парламентот на РС донесе одлуки на крајот на 2021 година со кои овој ентитет ќе преземе дел од овластувањата на БиХ како држава, со што директно го прекрши Дејтонскиот Договор. Владата во Берлин поради тоа го услови продолжувањето на финансиската поддршка со откажување од таквата политика.

Сепак, не дојде до повлекување на сецесионистичките мерки што ги побара германската Влада. Наместо тоа, претседателот и Владата на Република Српска продолжија да ја ескалираат политичката криза. Затоа германската федерална Влада сега донесе одлука да не ги рестартира суспендираните проекти“, се вели во соопштението на амбасадата.

Наведоа и дека Германија останува подготвена да соработува со БиХ, како во Федерацијата БиХ, така и во Република Српска, но нејзин основен услов за тоа е зачувување на мирот, владеењето на правото и територијалниот интегритет на државата Босна и Херцеговина.

На властите на РС, исто така, им беше одбиена помош од новиот пакет на Европската унија наменет за Западен Балкан. Со овој пакет, кој стапи во сила во јули, се обезбедени 303 милиони евра за Босна и Херцеговина, а нема да се финансира ниту еден проект на територијата на РС.

Одбивањето на финансиската помош ги принуди властите на РС да се задолжуваат на берзите под неповолни услови и со високи каматни стапки со издавање обврзници, но лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, најави дека нема да ја промени политиката што го донесе и неговите најблиски соработници санкции од САД и Велика Британија по секоја цена.