Поради него и жените почнаа да ги гледаат олимписките игри и не мрдаат од пред малите екрани кога тој настапува, а еве и зошто (Фото/Видео)
Гледачите на Олимписките игри во Париз во претходните денови можат да уживаат во богата спортска програма. Сепак, одредени сцени привлекоа поголемо внимание од она што се случува во борбите за медали.
Во една од нив во главна ѕвезда е францускиот скокач во вода Жил Бује. Тој следната недела ќе се натпреварува во поединечна отскочна штица на 3 метри и напорно тренира за да се усоврши за натпреварувањето. Сепак, фотографијата од неговото туширање покрај базен предизвика голема бура на интернет, оставајќи ги олимписките навивачи без здив поради еден конкретен детал.
Дури и жените кои не се занимаваат со спорт, сега почнаа да ја следат оваа дисциплина бидејќи извајаното тело на овој спортист стана вирално.
Она што никој не го пропушти е неговата импозантна „гордост“ во спортски шорцеви. Коментарите постојано доаѓаа, а малкумина останаа имуни на овие снимки.
Еден коментар беше дека тоа е „единствената причина зошто ги сакам Олимпијадата“. Друг додаде: „Само се надевам дека неговите гаќи за капење добиваат плата за прекувремена работа“. Трет корисник напиша: „Добро снабден во просторот за гаќи за капење“.