Поради оваа одлука Јокиќ се изнервира! Доби удар, па техничка, па продолжи да вика на жената што го налути! (ВИДЕО)

Тежок пораз доживеаја кошаркарите на Денвер на гостувањето кај Сакраменто со резултат 135:106, а Никола Јокиќ во еден момент ги загуби нервите.

Центарот на Нагетс имаше контакт со одбрамбениот играч во еден напад, тој беше погоден при шут за два поени, но фаулот не беше досуден. Поради ова Јокиќ целосно полуде, почна да и’ вика на Даница Мозер која ја делеше правдата на овој меч, а заработи и техничка грешка. Погледнете како изгледаше сето тоа, па проценете сами кој беше во право…

Јокиќ за половина час на паркетот постигна 23 поени (9/17 од поле), имаше уште осум скока, седум асистенции и три украдени топки, но изостана поддршката од соиграчите.