ПОРАДИ ОВА ВИДЕО НА ЈУТУБЕРОТ МУ СЕ ЗАКАНУВА 10 ГОДИНИ ЗАТВОР: Направил една работа што не требало да ја направи (ВИДЕО)
Јутјуберот Алекс Чои се соочува со потенцијална казна од десет години затвор.
Алекс Чои (вистинско име Сук Мин Чои) моментално е во притвор и е осомничен дека „поставил експлозив или запалива направа во авион“.
Доколку не знаете за што се работи, не грижете се, следува објаснување.
На 4 јули минатата година, на Денот на независноста на САД, Чои објави видео на платформата YouTube наречено „Уништување ламборџини со огномет“.
На видеото се гледаат две жени како од хеликоптер во движење фрлаат огномет познат како „римска свеќа“ кон Lamborghini Huracan.
На видеото се гледа дека авионот, Ламборџини и возилото од кое се снима се на оддалечена локација, за која подоцна се испостави дека е пресушено езеро.
Властите го обвинија Јутјуберот за злосторството делумно затоа што, во видеото, тој се нарекува себеси „режисерот“ и им се заблагодарува на снимателите за, како што вели, „учеството во неговите глупави идеи“.
Федералните обвинители велат дека Чои немал дозвола за тоа и дека огнометот го купил во Невада, каде што е легален, а видеото го снимил во Калифорнија, каде огнометот е нелегален. Интересно е што тужбата се однесува исклучиво на употреба на пиротехнички средства во авионот, и ништо друго.