Поради протекување на информации за зделката за минерали, Зеленски им наредил на службениците да направат полиграфски тест
Според Фајненшл тајмс, Володимир Зеленски и дал инструкции на SBU да го истражи протекувањето на американскиот предлог за зделка за минерали.
Во рамки на истрагите, на вработените во министерствата им се врши полиграфско тестирање, пренесува Телеграфи.
Изворите рекоа дека биле спроведени тестови за детектор на лаги меѓу вработени во неколку министерства, но одбија да дадат дополнителни детали или да прецизираат колку луѓе биле испрашани.
Според „Фајненшл тајмс“, од кабинетот на претседателот на Украина одбиле да коментираат. Во соопштението на Службата за безбедност се вели дека работи во рамките на законот за да ја заштити безбедноста на Украина, а одредени детали од своите активности ги чува во тајност.
Тестовите за полиграф се контроверзни и научната валидност на нивната употреба е доведена во прашање, но украинските агенции за спроведување на законот често ги користат за криминални истраги и за проверка на странци кои сакаат да се приклучат на војската.
Истрагата започна откако опозицискиот пратеник Јарослав Железњак обелодени детали од нацрт-договорот на 26 март, цитирајќи копија што наводно ја поседувал.
Следниот ден, „Фајненшл тајмс“ ја објави и содржината на документот до кој одделно дојде.
Коментирајќи го протекувањето на 28 март, Зеленски во интервју за Фајненшл Тајмс рече: „Заинтересиран сум да знам на кого му се пренесуваат овие информации“.
Украина доби нова верзија на договорот за минерали од САД.
Киев инсистира на измени на нацрт-договорот за минерали со САД. Украина беше загрижена за американската контрола врз инвестициите и барањето за отплата на помошта.
На 4 април, Володимир Зеленски рече дека адвокатите следната недела ќе ги претстават главните точки од нацрт-договорот за минерали на Украина со Соединетите држави.
После тоа, техничкиот тим ќе биде подготвен за службено патување во САД.