Поради редок сексуален проблем мора да се заклучува во соба! Во сон, таа станува друга личност, а кога ќе се разбуди, не се сеќава на ништо
Лорен Спенсер (50) има необична дијагноза – ретко пореметување поради кое започнува секс во сон.
Среќно омажената мајка на две деца страда од ретко пореметување поради кое се заклучува во својата соба секогаш кога спие надвор од својот дом.
Лорен Спенсер (50) ја открила својата дијагноза пред три години. Нејзиниот сопруг Чарли (52) вели дека Лорен се прилепува за него во сон или се обидува да го интимизира со галење.
Лорен објаснува дека става безбедносна брава на вратата ако преноќи на друго место.
– Да спиев кај другарка и да завршев во кревет со нејзината партнерка, таа сигурно немаше да ми се заблагодари – рекла Лорен, мајка на две возрасни деца.
– Нормално, јас сум човек кој сака да биде дома, па тоа не се случува често. Живеам сама со сопругот и тој не се жали. Моите ќерки имаат 25 и 30 години и не живеат со мене. Немам сеќавања по епизодата, што може да биде збунувачки. Недостатокот на контрола е непријатен, но, за среќа, не се случува често – истакна таа.
– Разговарав со мојот сопруг за мојата состојба и решив дека е во ред да имам секс кога тоа ќе се случи, се е целосно консензуално – рекла Лорен.
Лорен дозна дека боледува од ретко нарушување во 2021 година. Најпрво се посомневала на невролошки проблем бидејќи имала проблеми и со месечарење, зборување во сон и понекогаш паѓање од кревет.
Кога спие, Лорен мора да преземе посебни мерки на претпазливост, вклучително и да ја забарикадира вратата од спалната соба.
– Носам сигурносна брава која ја завиткувам околу кваката ако преноќим надвор од дома, за да не ја отворам вратата во сон и да завршам во туѓа соба. Ова е обично доволно за да се избегне срам.
Лорен вели дека епизодите се поверојатни кога е под стрес, но сè уште не нашла специфичен активирач. Освен што иницира секс, таа станува од кревет да исчисти или прати порака и следното утро не се сеќава на ништо.
Бидејќи оваа состојба е релативно ретка, ретко се зборува за неа.
– Обично не им кажувам на луѓето за мојата состојба бидејќи не сакам да мислат дека сум чудна, а повеќето луѓе никогаш не ни слушнале за тоа – рекла Лорин, пренесува Daily Star.
Да потсетиме, претходно пишувавме за уште едно ретко здравје .