Поради сегашниот сопруг го остави ВЕРЕНИКОТ кој поради неа оставил СЕ: Се породи убавата актерка (44)
Актерката го доби своето трето дете на 44-годишна возраст
Актерката Клер Дејнс се породи! Таа со сопругот Хју Денси доби трето дете , а не се знае точно кога го родила бебето.
Парот е фотографиран како се шета со бебето во Њујорк, а изгледа дека се се одвивало во тајност. Да потсетиме, оваа двојка има неверојатна љубовна приказна и, како што тогаш пишуваа медиумите, таа за него го оставила својот вереник Били Крудуп , кој своевремено за неа ја оставил својата бремена девојка Мери Луиз Паркер.
Парот веќе ги има синовите Сајрус и Роуан , а таа не очекуваше трета бременост.
Имено, таа беше фотографирана со труднички стомак на доделувањето на Златните глобуси овој јануари, а потоа откри дека не ја планирале бременоста
„ Тоа не беше намерно , но ние одиме напред“, рече таа тогаш.
Потоа се пошегувала за разликата во годините меѓу нејзините деца, но и рекла дека не го знае полот на третото бебе.
Нејзиниот помлад син не бил воодушевен од идејата да добие брат или сестра, додека постариот ја прифатил новата ситуација „без поплаки“.
Инаку, Клер и Хју Денси се заедно од 2006 година, се верија во 2009 година и се венчаа истата година.