Поради скандалозна судска одлула, ,,кладилничарот” остана без 11.000 евра: Некој ќе мора да плати за ова! (фото)

Еден љубител на спортско обложување од Англија загуби 9.510 фунти, што е околу 11 илјади евра, поради скандалозната одлука на судиите на мечот Тотенхем – Ливерпул!

Во 7. коло од Премиер лигата, Тотенхем го совлада Ливерпул со резултат 2:1, а натпреварот го одбележаа бројни дискутабилни судиски одлуки на штета на „црвените“.

Ливерпул го заврши натпреварот со двајца играчи помалку, а при резултат 1:1, нивниот регуларен гол беше поништен.

Рајан Хол од Англија долго ќе го памети овој натпревар, бидејќи токму поради тој поништен гол загуби голема сума на пари. Тој одигра неверојатен тикет со влог од само 10 фунти.

Изиграл дека Коди Гакпо, Сон и Луис Дијаз ќе постигнат гол, а Мекалистер, Удоги и Бисума ќе добијат картони и сe одешњ одлично. Ќе ги земеше парите доколку судијата не го поништеше голот на Дијаз.

По натпреварот, Судискиот комитет ја призна грешката, но ова не е утеха за овој ,,кладилничар”.

По натпреварот тој се огласи на социјалните мрежи и рече: „Некој ќе мора да плати за ова“.

Погледнете го овој неверојатен тикет: