Поради сообраќајка во прекин патот Струмица-Радовиш

Поради случена сообраќајна незгода на магистралниот пат А-4, делница Струмица-Радовиш, кај село Калуѓерица, сообраќајот е во целосен прекин и се пренасочува по стариот пат.

Како што информира АМСМ, сообраќајот е во прекин од 20:30 часот.