Поради употреба на кетамин Илон Маск може да го загуби достапот до доверливи информации на Пентагон

Во Пентагон синоќа беше покренато прашањето за употребата на анестетикот кетамин од страна на Илон Маск, основачот на компаниите Тесла и „Спејс Екс“ и дали поради тоа Министерството за одбрана на САД треба да му го одземе достапот до доверливи информации. 

Милијардерот работи со министерството за снабдување на сателитската интернет врска Старлинк за армијата на Украина, каде повеќе од година и пол Русија врши воена агресија. 

-Поради причини поврзани со приватноста, не откриваме детаљи за достапот до доверливи информации за одредени лица. Би ве упатил да разговарате за тоа со компанијата на Маск, изјави бригадниот генерал Пат Рајдер, портпарол на Пентагон. 

Во подолго истражување на новинарот Ронан Фароу објавено вчера во Њујоркер се наведува дека причината за непридвидливото однесување на Маск, како и неговото одбивање да разговара со новинарите е прекумерната упореба на кетамин, средство за анестезија што се употребува и како лесна дрога. 

Во повеќе написи објавени летово Волстрит журнал дознава дека употребата на кетамин од страна на Маск за време на забави може да биде причина Пентагон да го преиспита нему доделениот достап на доверливи информации.