– Судот во Кина вчера го осуди Баи Тианхуи, поранешен кинески функционер, на смртна казна поради примање мито.
Баи Тианхуи, поранешен генерален директор на јавната компанија „China Huarong International Holdings“, осуден е за примање мито во висина од 1,1 милијарда јени (152 милиони долари), објави пекиншкиот весник „Глобал тајмс“.
Судот во Тјенцин, во североисточниот дел на Кина, го нагласи значењето на општествените последици и значителната штета на државните интереси предизвикани од овој случај.
„China Huarong International Holdings“ му припаѓа на државниот конгломерат „Citic Group“.
И министерот за земјоделие Танг Ренџијан (61) претходно овој месец е ставен под истрага од страна на Комунистичката партија на Кина поради сомнеж за тешки кршења на дисциплината и законите.