Поранешната девојка на Шукер за наводната афера со Бекам: „Се соблековме, но немаше с*кс“

Ана Обрегон изјави дека еднаш спиела во ист кревет со Бекам, поранешен играч на Реал Мадрид, но немало никаква афера. Според нејзините зборови, тие се сретнале во хотелот каде што биле сместени и двајцата, а за време на интервју за шпанската телевизија рекла и дека биле во долна облека и заспале.

Шпанската актерка и водителка  Ана Обрегон неодамна стана мајка на 69-годишна возраст. Сурогат мајка и роди ќерка, исто така Ана, на поранешната девојка на Давор Шукер во Мајами, а освен мајчинството, деновиве се полнат медиумските колумни и поради аферата која наводно ја имала со Дејвид Бекам (47 ) откако раскинала со Шукер, со кој била три години. 

Според Дејли Мејл, Обрегон изјавила дека еднаш спиела во ист кревет со Бекам, поранешен играч на Реал Мадрид ,  но немало никаква афера. Според нејзините зборови, тие се сретнале во хотелот каде што биле сместени и двајцата, а за време на интервју за шпанската телевизија рекла и дека биле во долна облека и заспале. 

– Немаше сексуални односи, но спиевме заедно. Тоа е вистината  – изјави Ана пред милионската публика. – Мислиш дека сум луда што не спиев со него? Секоја жена во таква ситуација би го направила тоа, но се колнам дека не го направив тоа. Не знам како преживеав, но успеав – додала актерката и водителка. После тоа, сопругата на Бекам, Викторија (48) наводно ја нападнала кога се сретнале во теретана. Тогаш Викторија била придружувана од двајца телохранители и и кажала на Ана да го остави Дејвид на мира.

Инаку, љубовниот живот на поранешниот лидер на ХНС и поранешен Ватрени Давор Шукер (55) отсекогаш бил интересен за јавноста. Шукер се бакнуваше со многу познати убавици, а своевремено беше во врска со шпанската актерка и ТВ водителка Ана Обрегон, која многумина ги заинтригира со една од најновите објави на социјалните мрежи. Имено, Ана на својот Инстаграм објави дека ќе снима серија за нејзиниот живот во соработка со продуцентската куќа Групо Ганга. Таа во една прилика откри како изгледал моментот кога Шукер ја запросил. 

– Бевме на романтична вечера во ресторан во Мадрид кога ме пречека прстен во чаша вино . Не го забележав, го испив виното, а прстенот ми се заглави во грлото. Па, како можев да го погодам тоа? За малку ќе отидовме во итната медицинска помош… Со такво искуство, кој нормален би сакал да се ожени – рекол Обрегон во едно од интервјуата. Нивната љубов беше опишана како романтична и многу страсна, а раскинаа откако Шукер почна да игра во Англија. Сепак, тие останаа во добри односи, а Обрегон му честиташе на Шукер за еден роденден на Инстаграм.

Ана Обрегон денес е активна на Инстаграм каде ја следат милион луѓе. Своите следбеници често ги почестува со фотографии на кои може да се види дека изгледа феноменално и во пензионерските години. Колку добро изгледа доволно говори фактот што и на 62 години се фотографираше за шпанското издание на Плејбој , а пред десет години беше во врска со дваесет години помладиот италијански модел Костантино Витаљано . Ана Обрегон се уште е ѕвезда во Шпанија, па тамошните медиуми редовно пишуваат за неа, а таа учествуваше и во шпанското издание на MasterChef за познати личности.