Поранешната сопруга на Дани Алвеш призна: Се плашам, ми се закануваат со месеци

Манекенката Хоана Санс, поранешната сопруга на Дани Алвес, откри дека со месеци добивала закани.

Фудбалерот е во затвор од јануари 2023 година, а манекенката е загрижена за нејзината безбедност.

„Се плашам. Едно лице ми се заканува со месеци. Го блокирав“, изјави таа.

Санс го блокирала лицето кое ѝ се заканувало, но тоа нашло начин да продолжи со заканите.

„Во Бразил има обвинувања за поседување оружје, семејно насилство и други кривични дела… За почеток, не разбирам зошто морам да добивам закани или навреди, како некому да сум направила нешто. Освен што имам многу работи со кои треба да се справам, сега морам да се справувам и со ова“, додаде таа.

Бразилскиот фудбалер Дани Алвес е во затвор од јануари, откако беше обвинет дека силувал млада жена во тоалет на еден клуб во Барселона.

Репрезентативецот на Бразил беше уапсен во Шпанија на 20 јануари и веднаш беше префрлен во затворот „Брианс 2“ каде го чека почетокот на судењето. Во јуни судот по четврти пат го одби неговото барање за привремено ослободување бидејќи може да побегне во Бразил, кој не ги екстрадира своите граѓани во Шпанија.