Поранешната сопруга на Франческо Тоти ја откри драмата низ која поминала со легендата на Рома: “Почувствував гадење и гнев…“

Франческо Тоти и неговата сопруга Илари Блази се разделија по 20 години брак, а разводот не беше нималку мирен и пријателски. Иако Франческо Тоти и Илари Блази изгледаа како хармоничен пар кој сака мирен семеен живот, се чини дека легендата на Рома имал други планови со други жени.

Поранешната госпоѓа Тоти откри дека се развела од сопругот откако го фатила со помладата љубовница, ТВ водителката Ноеми Боки.

На трибините на стадионот почнаа да се појавуваат некои фотографии од Франческо и Ноеми Боки. Тој ми кажа: ‘Не знам која е таа, можеби ја запознав во тенискиот клуб’. Погледнете ја фотографијата! Таа е пет реда зад мене, не е до мене. Ми се заколна дека приказната е измислена“, открива Илари Блази и додава: „Сакав да го видам со свои очи. Сакав доказ бидејќи Франческо никогаш нема да го признае тоа. Попладнето на 2. јуни ми кажа дека ќе излезе да јаде. Дознав каде живее, стигнав таму, а пред зградата беше неговиот автомобил. Го фотографирав, но молчев. Истрагата запре таму. Франческо знаеше дека дознав за нивната врска“.

На крајот признал се, тврди Илари Блази.

Тој не ми призна и реков: ‘Доста! Јас знам се!’. На крајот призна, но кажа дека не се работи за сериозна врска. Не можев да верувам дека човек кој беше покрај мене 20 години, кој кажа дека ме сака, кој се колнеше дека не може да живее без мене, може да направи такво нешто. Се чувствував како будала. Чувствував гадење и гнев“, изјавила Илари Блази и додала: „Ме понижи како сопруга и мајка. Низ целата приказна новинарите ме напаѓаа. Беше шампион, најмногу ме болеше тоа што никој не ме разбираше. Не знаев дека е таков. Се омажив за него за љубов, не за пари. Секогаш го покажував тоа“, заклучила поранешната госпоѓа Тоти.