ГОЛЕМА ВЕСТ ОД “САН СИРО“ – Златан Ибрахимовиќ и Милан повторно заедно: “Мојата љубов кон овој клуб никогаш нема да умре“

Поранешниот напаѓач на шведската репрезентација, Златан Ибрахимовиќ, стана висок советник на високото раководство на италијанскиот прволигаш Милан, откако се приклучи на инвестициската фирма RedBird Capital Partners.

Златан Ибрахимовиќ (42 г.) во јуни минатата година објави дека се повлекува од фудбалските терени, а кариерата ја заврши во МиланЗлатан Ибрахимовиќ во два наврати го носеше дресот на Милан четири години, а за клубот одигра вкупно 93 натпревари и постигна 48 голови. Во својата кариера играше и за Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Јувентус, Интер, Барселона и Лос Анџелес Галакси.

Како оперативен партнер на RedBird Capital Partners, Златан Ибрахимовиќ ќе работи со глобалниот инвестициски тим и ќе го поддржува инвестициското портфолио на компанијата во спортот, медиумите и забавата.

Исклучително сум благодарен што им се приклучувам на RedBird Capital Partners и Милан во овие важни и влијателни улоги“, истакна Златан Ибрахимовиќ.

Мојата љубов кон ‘Росонерите‘ никогаш нема да умре и можноста да бидам дел од нивната иднина на значаен начин е нешто за што можев само да сонувам“, нагласува Швеѓанецот со балкански корени.

Во Милано, тој ќе служи како висок советник во сопственоста на клубот, предводен од RedBird Capital Partners, и ќе игра активна улога во сите спортски и деловни операции, со неговиот мандат, исто така, вклучува развој на играчи и зајакнување на глобалниот бренд на Милан.