Поранешната сопруга на Шумахер објави целосно голи фотографии на позната платформа за возрасни: “Па зошто да не го покажам ова тело!“
Германската актерка и модел на магазинот PlayBoy, Кора Шумахер (46 г.), поранешна сопруга на Ф1 возачот Ралф Шумахер, објави дека се приклучила на платформата за OnlyFans.
По разводот во 2015 година, поранешната сопруга на помалку истакнатиот брат на Михаел Шумахер во светот на Формула 1 ја изненади јавноста позирајќи за магазинот PlayBoy. Сега, осум години подоцна, на 47-годишна возраст, таа реши да ја покаже својата завидна форма на популарна платформа за возрасни.
Бројни познати личности го користат OnlyFans како извор на дополнителен приход, а Кора Шумахер реши да покаже со што располага на своите претплатници.
„Го сакам моето тело и зошто да не го покажам на другите ? Имам 46 години и сè уште ми е удобно во сопствената кожа. Зошто да не споделам топлес фотографија или две со јавноста ?” истакнала таа.
Кора и Ралф Шумахер беа во брак од 2001 до 2015 година и го имаат 21-годишниот син Дејвид.