Поранешна тинејџерска ѕвезда останува на психијатрија: Актерката сè уште не е спремна да ја напушти болницата, еве што планираат да направат со неа следно (ФОТО)
Актерката Аманда Бајнс (37) останува во ментална институција откако беше фатена како целосно гола шета по улиците на Лос Анџелес.
Аманда во оваа установа е веќе три недели, а извор близок на актерката тврди дека таа доброволно престојува таму и се уште не е подготвена да ја напушти болницата.
„Луѓето околу неа веќе смислуваат план да ја задржат на вистинскиот пат“, вели изворот, додавајќи дека сè уште не се знае колку долго ќе остане таму.
Да потсетиме, актерката веќе некое време се бори со биполарно растројство и, како што се наведува, моментално е фокусирана на закрепнување. Наводно сама повикала полиција и не е познато дали воопшто се сеќава како се нашла гола на улиците на Лос Анџелес.
Извор открива дека експертите го следат третманот на Аманда од недела во недела и многу е веројатно дека таа ќе учествува во дополнителни програми за ментално здравје по нејзиното отпуштање.
Актерката еднаш се прослави во тинејџерските филмови од 2000-тите, а поради проблеми со зависноста од наркотици, животот на актерката залута.