Поранешна ѕвезда на Манчестер Сити си ја отвори душата: “Се повредив за време на секс! Не знам дали ми е дозволено јавно да зборувам за ова, но…“
Со оглед на вклученоста во младинскиот систем, Мајк Ричардс помина 13 години во дресот на Манчестер Сити. Преостанатите четири сезони од кариерата ги играше во Астон Вила, но се сеќава на најубавите денови во дресот на „Граѓаните“: два трофеи во Премиер Лигата и една награда од ФА Купот и Лига Купот.
Денес, Мајк Ричардс е веќе етаблиран коментатор за Sky Sports и BBC, каде се дружи со англиските легенди Тиери Анри и Џејми Карагер и ја привлекува публиката најмногу со „бисери“ и урнебесни шеги. Една таква анегдота откри во една неодамнешна емисија. Мајк Ричардс раскажа како еднаш бил повреден за време на сексуален однос.
„Не знам дали смеам ова јавно да го кажам, но… Добро, нема да навлегувам во детали. Се повредив еднаш за време на секс. Малку се забавував и додека го правев тоа паднав од креветот. Ја испружив ногата и си ги повредив препоните“, се присети пензионираниот дефанзивец.
Секако, му било непријатно да им открие на соиграчите зошто има болки, па на тренинг смислил интересна акција.
„Се појавив на тренинг, но само дојде моментот кога повеќе не можев да ги поднесам болките. Одглумив повреда на вежбите“, открива Мајк Ричардс.