Поранешниот американски разузнавач ОТКРИ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ ВО УКРАИНА: Исходот од конфликтот е апсолутно загарантиран

Исходот од украинскиот конфликт е апсолутно загарантиран – целосна победа на Русија, изјави поранешниот американски разузнавач Скот Ритер во интервју за Redacted.

– Овој конфликт не се водеше за да го заземе Киев, не за да ја заземе Украина, туку да ги доведе Украинците на преговарачка маса, кон што се стремеше Русија уште пред овој конфликт. Затоа, дури и кога почна овој конфликт, Русија рече: се што сакаме е да ве натераме да седнете на преговарачка маса – тврди Ритер.

Тој посочува дека украинската армија полека сфаќа што се случува.

– Знаете, се уште се водат тешки битки. И многу луѓе ќе умрат – рече тој.