Поранешниот голман на Реал Мадрид раскажува непозната приказна за Роналдо која открива каков човек е тој

Поранешниот голман на Реал Мадрид, Кико Касиља (38), се присети на анегдота од тренинг во САД кога Кристијано Роналдо ги изненади сите членови на тимот.

Тој објасни дека Кристијано Роналдо не бил само извонреден фудбалер, туку и голем човек, а тоа го потврдува и претходно непозната приказна.

„Кога отидовме во Соединетите Американски Држави на подготовки пред сезоната, тој им купи на целиот персонал, вклучувајќи ги физиотерапевтите и обезбедувањето, најновиот iPhone и Apple Watch“, рече 38-годишниот голман.

Касиља истакна дека таков гест е чист доказ за тоа каков човек е тој.

„Тој е феномен, супермен, кој му помага дури и на последното дете што поминало низ младинската академија. Побарајте од него сè и тој ќе ви го даде“, рече голманот роден во Тарагона, кој играше за Реал, Еспањол, Кадиз, Картахена, Лидс, Елче и Хетафе во текот на својата кариера.

Касиља одигра вкупно 43 официјални настапи за Реал, а еднаш бранеше и за шпанската репрезентација.