– Осработениот поранешен директор на јапонската автомобилска компанија „Нисан“ решил да го тужи својот работодавец од кого бара отштета, ни помалку, ни повеќе, туку од една милијарда долари.
Карлос Госн заврши во домашен притвор откако во 2018 година беше обвинет за финансиска измама, а следната година избега во Либан, тврдејќи дека обвинувањата се неосновани.
Тужбата против него е се уште активна, а „Нисан“ поднесе приватна тужба против поранешниот директор.
Од другата страна на светот, пред либанскиот суд, Госн поднесе своја тужба барајќи компензација од Нисан. Како што пишува „Авто Њуз“, пред Касацискиот суд во Бејрут во мај Госн ги обвинил „Нисан“, две други компании и 12 лица за клевета, фалсификување докази и други кривични дела.
Овој 69-годишен менаџер бара 588 милиони долари за изгубени такси и трошоци, плус 500 милиони долари за казнена отштета.
-Сериозните и чувствителни обвинувања (наведени против Госн) ќе останат во главите на луѓето со години, рече адвокатскиот тим на Госн во тужбата. „Тој ќе страда од нив до крајот на својот живот, бидејќи тие имаат постојани и долготрајни ефекти, дури и доколку се темелат само на сомнеж“, додаваат од неговиот адвокатски тим.