Поранешниот лидер на џихадистите имаше интервју! По соборувањето на Асад, тој ова го побара од Западот! Ја претстави својата визија за новата Сирија (ФОТО/ВИДЕО)
Водачот на сириските бунтовници и џихадисти, Ахмед ал-Шара, попознат по неговото име Абу Мохамед ал Џолани, повика на укинување на меѓународните санкции против Сирија во ексклузивно интервју што го даде за група странски новинари во понеделникот.
Облечен во јакна и бела кошула, Ахмед ал Шара, водачот на исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), ја изложи својата визија за Сирија по соборувањето на Башар ал Асад во зградата на сириската влада во Дамаск.
Лидерот на бунтовничката коалиција која дојде на власт во Сирија изјави дека обновата на неговата земја разурната од војна е негов главен приоритет и дека укинувањето на меѓународните санкции е од суштинско значење.
Беа воведени санкции за „џелатот“ на сирискиот народ, рече Шара, мислејќи на Асад.
– Ние Сиријците, жртвите, сме казнети за постапките на нашиот џелат, кој повеќе не е со нас Бараме помош од меѓународната заедница за гонење на криминалците на режимот на Асад и за враќање на украдените пари од Сиријците – рече тој.
За време на интервјуто, кое траеше речиси еден час, Шара одговараше на прашања за иднината на државата, армијата, односите со соседните земји и очекувањата од меѓународната заедница, објаснува за „Франс 24“ новинарот Васим Наср од Дамаск.
-Интервјуто беше организирано и со други странски новинари, имаше некои услови, не можеше да се снима, но можевме да му поставуваме прашања и да известуваме за тоа што ни кажа јавно – рече Наср.