Поранешниот сопруг на Бритни Спирс бара поголема алиментација за децата! Причините се сериозни, синовите две години не разговараат со мајка си (фото)
Поранешниот сопруг на познатата пејачка Бритни Спирс, Кевин Федерлајн, побарал од својата поранешна сопруга да ја зголеми алиментацијата за синовите Шон Престон и Џејден Џејмс.
Тој бара таа сега да му плаќа 40.000 долари месечно бидејќи поминуваат многу повеќе време со него, иако првичниот договор бил да го делат старателството.
Како што пренесува TMZ, тој сака и формално да го промени овој договор, бидејќи долги години тој многу повеќе се грижи за нив.
Веќе речиси две години не разговараат со мајка си поради разните скандали што таа ги имаше во јавноста, а во тој период со татко им се преселиле на Хаваи.
Она што може да создаде проблем е што за неколку дена Шон ќе стане полнолетен и Бритни повеќе нема да биде обврзана да го издржува.
Сепак, многумина веруваат дека пејачкаѕа и по полнолетството финансиски ќе го издржува.