ПОРАНЕШНИОТ СОПРУГ НА МОНИКА БЕЛУЧИ СЕ РАЗВEДУВА! По овој потег на Касел сите се сигурни дека тој ја напушта младата манекенка

Ова му е втор брак, а од првиот има две ќерки со позната актерка!

Како што пренесуваат странските медиуми, бракот на францускиот актер Винсент Касел со манекенката Тина Кунаки е во криза. Потсетуваме, ова е втор брак на Касел во кој доби ќерка, а првиот беше со актерката Моника Белучи со која има две ќерки. 

Наводно, јавноста никогаш во целост не ја прифатила, ниту имала симпатии за младата Кунака, за која сметаат дека не е добра замена за Белучи. 

Причината поради која се претпоставува дека му дошол крајот на вториот брак на Касел е тоа што тој од социјалните мрежи ги избришал сите заеднички фотографии со Тина. Венсан имал навика на мрежите да објавува заеднички фотографии со љубовни посвети кои сите можеле да ги видат. 

И Тина Кунаки со месеци не објавуваше ништо за својот сопруг, а последен пат беше видена во јавноста во неочекувано издание за црвениот тепих, целосно скромно облечена и без шминка. 

Да потсетиме, парот влезе во романса кога Тина имаше само 18 години, набргу откако Касел стави крај на бракот со убавата  Моника Белучи .