Поранешниот шеф на Audi казнет со 1,1 милион евра откако го призна скандалот со „дизелгејт“

 Руперт Штадлер стана првиот поранешен член на Управниот одбор на групацијата „VW“ кој на суд призна дека ја фалсификувал стапката на емисијата на дизел-возилата.

Поранешниот шеф на германскиот производител на автомобили „Ауди“ ја призна својата улога во скандалот со емисиите на нафта.

Руперт Штадлер пред судот во Минхен изјави дека имал можност да интервенира, но не го сторил тоа и изразил жалење за прекршокот.

Штадлер ја даде изјавата како дел од договорот меѓу адвокатите и Обвинителството со кој ќе му биде изречена условна казна.

Исто така, Штадлер (60) ќе треба да плати и казна од 1,1 милион евра.

Штадлер стана првиот поранешен член на одборот на групацијата „Фолксваген“ (VW), кој пред судот призна дека го фалсификувал стандардот за емисиите на дизел-возилата.

Групацијата „Фолксваген“, која се состои од 10 марки, вклучително и „ауди“, беше обвинета за манипулирање и мамење на тестовите за емисиите на моторите на дизел-возилата.

Според обвинителите, Штадлер бил свесен за манипулацијата во 2016 година, но не интервенирал и дозволил продажба на овие дизел-возила до 2018 година.