Поранешното момче на Рада исчезна по раскинувањето: Харис Берковиќ изгледа брутално а еве што прави сега (фото/видео)

Поранешната љубов на пејачката Рада Манојловиќ, пејачот Харис Берковиќ, реши да гради кариера на социјалната мрежа Тикток.

Имено, тој одамна направил профил на споменатата мрежа, не бил активен, но сега решил тоа да го промени.

Харис избегнува да се појавува во јавноста, напорно работи во теретана на своето тело, го негува гласот и настапува низ БиХ и Европа.

Неговите видеа на споменатата мрежа добиваат сè повеќе прегледи, а коментарите за неговиот изглед едноставно не запираат.

Да потсетиме, минатата година како бомба одекна веста дека наводно се помириле пејачот Харис Берковиќ и пејачката Рада Манојловиќ.

Имено, пејачката и пејачот решиле да ја обноват долгогодишната љубовна романса која ја прекинале од сè уште непознати причини, а која ниту една страна ниту ја демантираше ниту ја потврди.

Пред тоа Рада се огласи и на социјалната мрежа Инстаграм сакајќи да стави крај на шпекулациите и откри дека врската со Харис е завршена.

– Јас и Харис повеќе не сме заедно. Им благодарам на сите наши заеднички фанови за поддршката и апсолутно му посакувам многу среќа во животот и кариерата. Нема да коментирам многу, како што не коментирав за време на врската. Благодарам – напиша тогаш Рада на Инстаграм.