Порно-актерката која руши рекорди на сајтовите за возрасни испрати порака до Доналд Трапм: “Тој повеќе не е недопирлив, но на САД и се заканува насилство и смрт. Погледнете што ми пишуваат овие луѓе сега…“
Поранешната порно-ѕвезда Сторми Даниелс го нарече обвинението против поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп како „монументално и епско“, но кажа дека стравува дека тоа ќе предизвика „насилство“ и „смрт“ низ американските улици.
Во првото интервју по обвинението, кое Даниелс го даде на лондонскиот Times на скриена локација некаде во САД, таа кажа дека Трамп конечно повеќе не е недопирлив.
Таа изјавила и дека е горда на улогата што ја одиграла во потенцијалниот пад на моќниот човек кој, според неа – „долго време успеал да ги избегне последиците од своите постапки“.
Даниелс кажа дека забележала дека луѓето реагираат поинаку на обвинението отколку пред неколку години кога беа објавени првите извештаи во печатот за нејзината сексуална средба со Трамп.
„Тогаш ми велеа дека сум ‘спонзоруша, курва, лажга’… во сиот тој стил“, изјавила Даниелс за Times и додала: „Денеска кажуваат реченици како: Ќе те убијам“.
Таа кажала дека веднаш по објавувањето на обвинението на Менхетен почнала да добива грозоморни закани преку социјалните мрежи, електронската пошта и телефонот.
Обвинителството во Менхетен гласаше да го обвини Доналнд Трамп по неколку месеци сослушување докази за исплата на 130.000 долари на Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, во последните денови од кампањата во 2016 година. Парите биле наменети да го купат нејзиниот молк за сексуалниот однос за кој таа вели дека тие го имале и пред неколку години пред тоа.
Кога приказната стана јавна, Донад Трамп не бираше зборови кога зборуваше за неа и тврдеше дека поранешната порно актерка лаже. Неговиот адвокат ја обвини Даниелс за изнуда. Но, работите набргу се свртеа.
Даниелс сега за британскиот весник изјави дека кога ја слушнала веста за обвинението, била излезена јавајќи го својот коњ.
„Има нешто навистина иронично и урнебесно во тоа што дознав за обвинението додека го јавав мојот коњ“, кажала таа – додавајќи дека тоа се дел од 130.000 долари што тајно ги добила за да купи приколка за коњот.
Таа вели дека не се плаши од идејата да се соочи со Трамп на суд, бидејќи го видела гол и „нема шанси да биде пострашен со облеката на себе“. Сепак, таа се плаши од неговите страстни поддржувачи кои се подготвени на се. Всушност, за прв пат откако започна целата приказна за парите, таа чувствува страв.
„Дел од мене се двоуми, бидејќи не сакам крв во водата, знаеш… Не го сакаш тоа бидејќи ги поттикнува ајкулите на бес“, објаснила таа.
Таа во интервјуто истакна дека ја чувствува сериозноста на ситуацијата и можната опасност поради поделеноста што целиот случај ја предизвикува меѓу луѓето во САД.
„Земјата е многу поделена, а народот е се поочаен. Не се плашам ни од него ни од Владата, но доволен е еден луд симпатизер кој мисли дека ја работи Божјата работа или ја штити демократијата. Каков и да е исходот, може да предизвика негативни реакции, може да има повреди, дури и смртни случаи“, предупредила Даниелс и додала: „Од ова може да дојде многу добро, но и многу лошо“.