СРЕЌЕН КРАЈ – Погледнете го драматичниот момент кога мајката го прегрна својот син откако се изгубил сам во шумата со часови: “Го слушав неговиот плач…“ (видео)

Исплашеното момче, чие име не е објавено, исчезнало откако во средата вечерта залутало од својот дом во Буена Виста, Атлантик Сити, САД.

Драматично видео покажува полицајци како трчаат кон момчето – облечено само во кошула и шорцеви – кое се изгубило со своето куче, црн лабрадор, во шумата во Јужен Џерси на речиси голема далечина од неговиот дом.

Видео-снимката од камерата покажува како полицајците трчаат за време на спасувањето, додека еден полицаец извика: „Го најдов, го најдов!“.

Потоа се слуша како полицаецот му вика на момчето со смирувачки тон: „Еј другар… те пронајдов… добро си ?“.

Момчето било преплашено и се слуша како плаче и вика: „Го изгубив чевелот… го изгубив чевелот“, додека полицаецот Иан Еми го зграпчува детето и го држи во раце пред да и го предаде на мајката.

Мачната потрага започнала кога момчето и неговото куче се изгибуле во шумата. Мајката на момчето кажала дека го слушнала плачот на нејзиниот син, но не можела да го лоцира повеќе од еден час.

Полицаецот од државата Њу Џерси, Иан Еми и мајката на момчето ги следеле звуците на гласот на момчето и набрзо успеале да го пронајдат“, се вели во соопштението на државната полиција на Њу Џерси.

Исплашеното момче било потресено, но останало неповредено.

Државната полиција објави видео од драматичното спасување кое собра илјадници прегледи на Интернет.

Многумина во коментарите ги пофалија полицајците за брзата акција и кучето на момчето кое никогаш не го оставило својот најдобар пријател.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ!

Благодарам на Бога! Благодарение на државната полиција и мајката на момчето, детето беше пронајден со неговото куче за заштита“, гласи еден од коментарите под видеото.