Портокалово ниво до среда, денеска температурата до 43 степени

– До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури и со висок УВ индекс. Особено топло ќе биде денеска и во вторник и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Максималната тенпература денеска ќе биде во интервал од 36 до 43 степени, а УВ индексот ќе изнесува 10.  Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец кој во повисоките делови краткотрајно ќе засилува. Максималната тепература 39 степени.

Според УХМР, утре максималната температура во државава ќе достигне 42, в понеделник 40, а во вторник и во среда 42, по што следува пад на 38 степени во четврток, односно 37 во петок.