Португалскиот играч за врска Рубен Невеш (26) ги напушти редовите на англискиот фудбалски прволигаш Вулверхемптон и потпиша договор со саудискиот клуб Ал Хилал.
Според англиските медиуми, Вулверхемптон ќе добие обесштетување од околу 55 милиони евра.
„Начинот на кој соработувавме, на кој се боревме за клубот, тоа што го постигнавме и сите заеднички моменти се неверојатни. Мојата сопруга и јас никогаш нема да го заборавиме времето кое како семејство го минавме тука“, порача Невеш.
Португалскиот репрезентативе дојде во Вулверхемптон од Порто во 2017 година и за англискиот клуб одигра 253 натпревари на кои постигна 30 голови.