Македонското Министерство за внатрешни работи најавува дека утре од 20:00 до 04:00 часот, поради снимање филм, булеварот „11 Oктомври“ ќе биде затворен во двата правци од раскрсницата со булеварот „Даме Груев“ до раскрсницата со булеварот „Кочо Рацин“ во Скопјe.
Министерството за внатрешни работи вели дека Единицата за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по околните патишта.
„Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите издадени од полициските службеници на улиците каде што ќе се одржи настанот“, велат од МВР.