Од Приштина соопштуваат дека посетата на Др. Бернард Кушнер во Косово како и сите настани закажани за 11 јуни 2024 година се откажани.
Посетата беше откажана поради логистички прашања поврзани со Др. Кушнер.
Инаку, поранешниот висок претставник на генералниот секретар на ОН во Косово, Бернард Кушнер, планирал да го посети Косово во вторник и среда.
Француската амбасада соопшти дека Кушнер ќе биде примен од претседателката Вјоса Османи и премиерот Албин Курти.
Нему ќе му го врачи и „Клучот на градот“ од градоначалникот на Приштина, Запарим Рама, додека планот беше да се открие плоча на улицата што го носи неговото име.
Кушнер на 12 јуни ќе се обрати и во Собранието на Косово на свечена седница.
Како што соопшти француската амбасада во Косово, Кушнер за време на посетата на Косово ќе ја посети и Грачаница.