“Посетив пет доктори и никој не знаеше да ми каже што се случува…“ – Трогателна исповед на познатата Опра Винфри: “Открив сама, ова беше првиот знак!“
Една од највлијателната и најбогата жена, Опра Винфри, открива дека случајно прочитала во канцеларија за симптомите на состојба која дури ни докторите не ја препознале.
„Знаете дека сте на пат кон успехот кога ја вршите својата работа без ниту еден добиен долар“, е една од познатите пораки на Опра Винфри на патот кон успехот.
Медиумскиот волшебник и жената која сама изгради империја, открива зошто доживувала симптоми кои никогаш претходно не ги почуствувала. Таа отворено зборуваше за тешкотиите со кои се соочувала поради често занемарената состојба – станува збор за менопауза.
Менопаузата е природен процес на стареење и настанува затоа што нивото на женските полови хормони природно опаѓа со возраста. Повеќето жени минуваат низ менопауза во 40-тите или 50-тите години од животот, иако статистиката покажува дека во последните години првите симптоми се појавуваат многу порано. Опра го почувствувала првиот знак во доцните 40-ти години и истакнала дека ниту еден доктор не и објаснил дека палпитациите се еден од првите симптоми.
„Никогаш во животот не сум имала топол бран, никогаш. Менопаузата започна со забрзано срцебиење на 48 години. Одев од доктор до доктор, посетив пет од нив и никој не ми спомна дека тоа може да биде знак за менопауза“, изјавила Опра, која сосема случајно открила што и кажува телото.
„Еден ден бев во канцеларија, ја отворив книгата и видов дека пишува дека палпитациите се симптом на пери-менопауза“, изјавила познатата водителка. Пери-менопаузата започнува неколку години пред менопаузата. Тоа е период во кој репродуктивната функција на жената постепено слабее. Тогаш жената може да забремени, но тоа се случува многу ретко.
Меѓу другите симптоми што ги доживеала Опра било мозочната магла или недостаток на концентрација. Другите симптоми вклучуваат топли бранови, сувост на вагината и нарушувања на спиењето.