ПОСЛЕДНИОТ КУМ НА СИЦИЛИЈАНСКАТА МАФИЈА Е ВО НЕПОВРАТНА КОМА – Некогаш најбараниот човек во Италија е на работ на смртта: Докторите решиле да престанат да го хранат !?
Последниот кум на сицилијанската мафија, Матео Месина Денаро, кој беше уапсен во јануари по триесет години поминати во бегство, е во неповратна кома во болница, а докторите одлучиле да престанат да го хранат, објавија во саботата италијанските медиуми.
Матео Месина Денаро има 61 година, но веќе неколку години боледува од рак на дебелото црево. Токму неговата одлука да започне лекување резултираше со негово апсење по посетата на клиниката во главниот град на Сицилија, Палермо.
По апсењето, Матео Месина Денаро шест пати по ред беше осуден на доживотен затвор и затворен во максимално обезбедуван затвор во Аквила каде според достапните информации продолжил со лекувањето.
Здравствената состојба на мафијашот, кој беше хоспитализиран на почетокот на август, се влошила последните денови и сега е во „неповратна кома“, пишуваат италијанските медиуми.
Докторите се согласиле дека здравствената состојба на пациентот е таква што треба да се спречи да се храни, а самиот Матео Месина Денаро претходно побарал да не се реанимира.
Познат по прекарот Диаболик, име на криминалец и протагонист на познатиот италијански стрип чиј обожавател и самиот, Матео Месина Денаро беше долгогодишен кум на Коза Ностра во западната сицилијанска провинција Трапани, иако неговата моќ се прошируваше низ цело Палермо.
Тој е безмилосен убиец и последен претставник на старата гарда на Коза Ностра.
Во 1992 година, тој беше дел од група мафијаши испратени во Рим од тогашниот мафијашки бос Салваторе Риина (1930-2017) за да го убијат судијата Џовани Фалконе, познат борец против мафијата. Тие успеаја во бомбардирањето на 23. мај во близина на Палермо.
Матео Месина Денаро исчезна во летото 1993 година и стана најбараната личност во Италија. Во годините што следеа интензивно се бараше по него.
На крајот било утврдено дека тој престојувал недалеку од родниот град Кастелветрано во западна Сицилија. По долгогодишно прислушување на членовите на неговото семејство и пријателите, полицијата на крајот го пронашла Матео Месина Денаро и го уапсила во приватна клиника во Палермо каде дошол на редовен медицински преглед.