– Последното издание со коешто „МИНИ“ се збогува со „Клабмен“ ќе биде произведено во 1.969 примероци, што воедно ја претставува годината во која брендот ја претстави првата своја генерација.
Поставен на 18-инчни тркала со бакарна боја, најновиот „Клабмен“ во себе има и богато опремена, кожена кабина којашто може да прими пет лица, а и својствената за возилото, двојна врата кај багажникот, како и куќишта на задните светла.
Последниот „Клабмен“ што 2015 година беше премиерно прикажан во третото издание. Со себе ја носи препознатливата црвена буква „С“ на капакот од ладилникот, што значи дека го придвижува дволитарски четирицилиндричен турбобензински мотор којшто развива 192 коњски сили и 280 њутн-метри врвен вртежен момент и 7-брзински автоматски менувач за пренос на силата на предната оска. „МИНИ“ достигнува 227 км/ч, а забрзува 0 – 100 км/ч за 7,2 секунди.
„Клабмен“ ќе го понуди последното издание на купувачите ширум светот, кои ќе можат да бираат меѓу три бои на каросерија – бела, црна и сива, а ќе имаат и знакчиња со бројката 1969.