Последниот настап Ози Озборн го имаше само неколку дена пред неговата смрт: „Ќе се вратам на сцената дури и ако тоа ме убие“

Легендарниот Ози Озборн почина вчера по повеќе од две децении борба со болеста, а својот последен настап го одржа на 5 јули во неговиот роден град Бирмингем, каде што успеа да собере повеќе од 190 милиони долари за добротворни цели.

Во неговиот роден град Бирмингем, Озборн го присилил своето измачено тело да го одржи последниот концерт на бендот Блек Сабат, кумовите на хеви металот основани во 1968 година.

Концертот „Назад кон почетокот“ беше врв на десетчасовниот маратон на кој настапија најголемите имиња во хард рокот, од „Металика“ и „Ганс ен Роузис“ до супергрупи полни со ѕвезди од А-листата од „Аеросмит“, „Рејџ агејнт д машин“, „Смешинг пампкинс“, па дури и Рони Вуд од „Ролинг Стоунс“.

Со 45.000 луѓе кои се собраа од целиот свет на фудбалскиот стадион „Вила Парк“ во Бирмингем – и дополнителни 5,8 милиони гледачи преку интернет – Озборн се збогуваше со сцената.

„Немате поим како се чувствувам. Ви благодарам од дното на моето срце“, им рече музичарот на воодушевената публика со треперлив глас.

Според неколку новински извори, Ози Озборн собрал близу 190 милиони долари за неколку добротворни организации на својот последен концерт.

Гитаристот на „Rage Against the Machine“, Том Морело, музички директор на настанот, напиша на социјалните мрежи за концертот: „„Назад кон почетокот“. Над 190 милиони долари ќе бидат донирани во домови за деца и болници. Бум. Нашата цел не е само да го создадеме најголемиот ден во историјата на хеви металот“.

Приходите ќе бидат наменети за болницата „Кур Паркинсонс“, детската болница во Бирмингем и детскиот хоспис „Акорн“.

Озборн изјави за „Индипендент“ во 2022 година: „Ќе се вратам на сцената дури и ако тоа, ааа, ме убие, бидејќи ако не можам да го направам тоа, тогаш тоа ќе се случи секако, ааа, ќе умрам. Обожавам да ја гледам таа публика.“

За потсетување, кај него беше дијагностицирана Паркинсонова болест во 2003 година. Тој беше подложен на четири операции на ‘рбетот, а претходно оваа година објави дека повеќе не може да оди.