Последниот танц на европскиот крал: Голфот каков што го познаваме заминува во историјата, еве како изгледа новата верзија на најпродаваниот автомобил во светот (ФОТО)

Ова е последниот Golf придвижуван од бензински и дизел мотори, следната генерација ќе вози исклучиво на струја.

Оваа недела Volkswagen го симна превезот на тајност од новиот, визуелно и технолошки значително подобрен Golf.

Станува збор за редизајн на осмата генерација, кој ќе влезе во историјата како последен придвижуван од обични бензински и дизел мотори.

Следниот, деветтиот, ќе пристигне во 2028 година и ќе се напојува исклучиво на електрична енергија .

Така и Фолксваген падна под притисок на европските „зелени“ бирократи. Сите се надеваат дека истите тие бирократи имаат „план Б“, бидејќи на полето на електрификацијата, европските автомобили се во длабоко заостанување зад Кинезите.

Иако и Фолксваген го прифати наметнатиот тренд, сепак Германците возат по две патеки, со целосно електрични модели, но и на класични бензински и дизел автомобили, кои достигнуваат стандард незамислив за електричните автомобили.

Како последен танц на најпродаваниот компакт во историјата, Golf ќе се нуди со комплетен арсенал на мотори со внатрешно согорување. На шведската маса ќе ги најдете докажаните 2.0-литарски TDI (115 и 150 КС), турбо бензинецот 1.5 (115 и 150 КС), а има и милд хибриден турбо бензинец (eTSI) со 115 и 150 КС и два плугин хибриди (eHybrid) со 204 и 272 КС.

На купувачите ќе им биде достапен и GTI со 265 КС. Сите доаѓаат во комбинација со автоматски менувач DSG , а бензинецот и основниот дизел во караван едицијата со рачен менувач со 6 брзини.

Во комбинација со батерија со капацитет од 19,7 kWh, plug-in хибридите можат да патуваат до 100 километри исклучиво на електрична енергија. Кога е потребно, се активира бензинскиот мотор, што го зголемува опсегот со батерија и полн резервоар на околу 1000 km.

Што се однесува до надворешноста, Volkswagen остана доследен на својата филозофија „помалку е повеќе“. Потенките LED предни светла со IQ.LIGHT HD Matrix поврзани со модерна тенка осветлена лента веднаш го привлекуваат вниманието.

Варијантата GTI е украсена и со спортски аеродинамични додатоци и 17-инчни алуминиумски бандажи.

Ентериерот сега е украсен со нови фитинзи, големи дигитални инструменти (10,4 инчи) и уште поголем екран на допир со дијагонала од 12,9 инчи.

Роденденската прослава на голфот, кој штотуку влезе во својата шеста деценија од животот, ќе се одржи овој петок во Зел ам Зе, Австрија