ПОСЛЕДНИ СЛИКИ НА ПРИНЦОТ ЧАРЛС ПРЕД БОЛНИЦАТА: Излезени на прошетка со кралицата, а потоа стасале лошите вести
Пред објавата на палатата дека има рак, Чарлс последен пат беше виден како им мавта на луѓето додека присуствуваше на богослужба со неговата сопруга, кралицата Камила.
На кралот Чарлс му е дијагностициран рак , објави Бакингемската палата во вечерното соопштение. 75-годишниот монарх се вратил во Лондон од Сандрингам за веднаш да започне со лекување. Тоа не е поврзано со неговата неодамнешна операција и не е рак на простата, но лекарите ја откриле дијагнозата кога тој бил подложен на медицинска процедура за зголемена простата.
Војводата од Сасекс разговарал со кралот за неговата дијагноза рак и ќе отпатува во Велика Британија за да го види во наредните денови, изјави извор близок до Хари. Бакингемската палата рече: „За време на неодамнешната болничка процедура за бенигно зголемување на простатата, беше забележано посебно прашање за загриженост. Последователните дијагностички тестови идентификуваа форма на рак“, соопшти палатата.
Пред објавувањето, Чарлс последен пат беше виден како мафта со луѓето додека присуствуваше на богослужбата со неговата сопруга кралицата Камила во црквата Света Марија Магдалена во Сандрингам, Норфолк, во неделата. Погледнете ги фотографиите:
„Кралот му е благодарен на неговиот медицински тим за брзата интервенција, што беше овозможена со неговата неодамнешна болничка процедура. Тој останува целосно позитивен во однос на неговото лекување и со нетрпение очекува да се врати на целосна јавна должност што е можно поскоро.