Некои луѓе ја пијат оваа вода во текот на денот, но иако е здрава, водата со лимон има 2 несакани ефекти на кои треба да обрнете внимание.
Пиењето вода со лимон на празен стомак наутро е важен ритуал кој дава огромни придобивки за вашето целокупно здравје.
Сокот од лимон обезбедува голема количина на витамин Ц. Препорачаната дневна количина е 75 mg за жени и 90 mg за мажи. Луѓето кои консумираат повеќе витамин Ц имаат поефикасен дигестивен систем.
1. Горушица
Премногу лимон може да ви го иритира грлото, лимоните се едно од најкиселите овошја, а познато е дека агрумите го зголемуваат лачењето на киселини во желудникот и затоа поттикнуваат горушица.
2. Оштетување на забната глеѓ
Киселината во лимонот го оштетува заштитниот слој на глеѓта на вашите заби, а тоа може да доведе до чувствителност на забите, па дури и до расипување на забите. Ако имате проблеми со забите, никогаш не пијте вода со лимон во текот на денот или исплакнете ја устата со голтка обична вода после секоја чаша.