Одредени намирници се преполни со хранливи материи кои го поддржуваат здравјето на мозокот, како на краток рок, кога ви треба фокус, така и на долг рок, за заштита од когнитивно опаѓање и деменција.
Иако исхраната не е единствениот фактор за зачувување на меморијата, таа игра важна улога – а според неврологот д-р Грег Копер, постои една храна која дефинитивно треба да биде вклучена во дневното мени – ореви .
Зошто ореви?
Оревите се богат извор на омега-3 масни киселини и антиоксиданси за кои е докажано дека го намалуваат воспалението во телото, вклучувајќи го и мозокот. Помалку воспаление – подобра функција на мозокот. Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање на ореви придонесува за подобра меморија, учење, координација, па дури и намалување на нивото на анксиозност, пишува Parade.
Едно истражување покажа дека младите кои јаделе ореви за појадок имале подобра меморија шест часа подоцна – иако интересно е што ефектот бил одложен наместо моментален.
Колку ореви треба да јадете?
Д-р Купер препорачува грст ореви дневно или најмалку пет порции неделно. Можете да ги јадете сами, да ги додадете во овесна каша или да ги посипете на салата.
Иако јаткастите плодови се одличен сојузник за здрав мозок, важно е да имате разновидна и урамнотежена исхрана. Меѓутоа, ако барате брза и здрава ужина, грст ореви е добро место за почеток.