ПОСТАР ГОСПОДИН ЗАСПАЛ ВО КАФУЛЕ, А ПОТОА СЕ СЛУЧИЛА ИЗМАМАТА НА ГОДИНАТА: Цел локал плачел од смеа поради тоа што му го направиле (ВИДЕО)

Новата година само што започна, а многу корисници на социјалните мрежи пишуваат дека веќе ја имаме најдобрата шега за 2024 година од Фабрицио Фако, момче кое сними урнебесна ситуација во италијанско кафуле.

Веселото друштво го забележало заспаниот постар господин во кафулето, па толку добро се пошегувале со него што сите присутни плачеле од смеа.

Смешните момци помислиле да му стават карти во рацете на постар господин кој заспал со скрстени прсти, а потоа го убедиле дека се сред игра со карти.

„Па, ова се најдобрите шеги , безопасни и изведени на таков начин што на крајот ќе им бидат смешни и на жртвите“, коментира еден корисник на Редит.

„Ова е Италија во еден кадар“, продолжи еден италијански корисник на споменатата социјална мрежа и на неупатените им објасни дека компанијата играла игра со карти наречена бришула.