Постигнаа компромис: Еве како Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер го поделија својот имот по разводот
Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер го завршија својот брак пред судот по девет години заеднички живот.
Двојката одлучи разводот да помине тивко, без медиумска помпа, и ги решија сите детали подалеку од очите на јавноста. Тие исто така се согласија целиот заеднички имот да им го префрлат на децата, со цел да избегнат конфликти и евентуални поделби.
Адвокатот на поранешната тенисерка потврди дека нивната врска дефинитивно завршила. Како главна причина за разводот се наведуваат непомирливи разлики. Исто така, беше одлучено старателството над децата да биде поделено, додека Ана ја доби куќата каде што сега живее со своите синови.
Пред бракот, Ана заработувала околу 20 милиони евра, додека Бастијан Швајнштајгер имал богатство проценето на 90 милиони.
Според медиумите, двајцата го задржале имотот стекнат пред бракот. Ана на тој начин заштитила десет милиони евра на сметки, а Бастијан го инвестирала поголемиот дел од своето богатство во недвижности.
Дури и пред нивната венчавка, тие се согласиле да водат одделни банкарски сметки, а во текот на годините од бракот инвестирале во луксузни недвижности низ Европа.
Тие изградија куќа од 400 квадратни метри во Вестендорф, Австрија, вредна 3,5 милиони евра. Пред нивниот брак, Ана веќе поседуваше вила на Мајорка, која подоцна ја реновираа заедно. Имотот од 950 квадратни метри со пет спални соби, базен и тениски терени се проценува на 6,5 милиони евра.
Двојката поседувала и јахта вредна околу 400.000 евра, идеална за семејни патувања и одмори далеку од очите на јавноста.