ПОСТИГНАТ ДОГОВОР МЕЃУ РУСИЈА И САД ЗА УКРАИНА! Шокантно обраќање на Трамп: Го постигнавме овој договор со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека средбата со рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска била исклучително успешна и дека е постигнат договор за продолжување на разговорите во насока на директен мировен договор што би можел да ја заврши војната во Украина.

– Одличен и многу успешен ден во Алјаска! Средбата со претседателот Владимир Путин од Русија помина многу добро , исто како и телефонскиот разговор доцна во ноќта со претседателот на Украина Володимир Зеленски и разни европски лидери, вклучувајќи го и високо почитуваниот генерален секретар на НАТО –  напиша Трамп на социјалната мрежа Trut Social.

Фокусирајте се на мир, а не на примирје

Трамп нагласи дека сите страни се согласиле дека патот кон мир во Украина е можен само преку сеопфатен договор, а не преку привремени договори за прекин на огнот.

– Беше одлучено дека најдобриот начин да се стави крај на ужасната војна меѓу Русија и Украина е директно да се оди кон мировен договор, кој навистина би ја запрел војната, а не кон едноставен договор за прекин на огнот, кој често не трае –  рече американскиот претседател.

Тој, исто така, најави нова рунда разговори со украинскиот лидер:

-Во понеделник попладне, претседателот Зеленски ќе дојде во Вашингтон, во Овалната соба. Ако сè оди добро, тогаш ќе закажеме нова средба со претседателот Путин –  рече Трамп.

Самит во Алјаска – историски состанок

Средбата меѓу Путин и Трамп се одржа на 15 август во воената база Елмендорф-Ричардсон во Анкориџ. Во формат „три на три“, разговорите траеја два часа и 45 минути. Од руска страна присуствуваа министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, додека САД ги претставуваа државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стивен Виткоф.

Трамп заклучи дека се отвора простор за историски договор што би можел да го промени текот на војната:

– Доколку се исполнат сите услови и дијалогот продолжи со ова темпо, потенцијално можат да се спасат милиони човечки животи –  истакна американскиот претседател.