Постигна кош за победа против „мојот“ Партизан, а потоа татко му не разговараше со мене еден месец

Интересна анегдота.

Поранешниот кошаркар Никола Оташевиќ имаше одлично гостување во популарниот поткаст „Јао Миле“ во кој зборуваше за анегдоти од својата богата кариера.

Момчето родено во Ужице пред четири години ги „закачи патиките на клин“, а една од неговите неостварени желби остана црно-белиот дрес на Партизан, чиј навивач е.

Оташевиќ во кариерата смени дури 11 клубови, а забележителна улога има и во подгорички Будуќност под водство на Дејан Радоњиќ. 

Плејмејкерот се присети на натпреварот од 2011 година во „Пионир“ против Партизан, кој го реши со поени во последната секунда, што толку го револтираше неговиот татко, исто така навивач на Партизан, кој не сакаше да разговара со него месец дена по натпреварот.

„Јас сум навивач на Партизан, но често ми се случуваше да одиграм подобро против Партизан отколку против Црвена звезда. Дури се случи да одлучам некои натпревари. Тоа беше во 2011 година во полниот „Пионир“, кога играв за Будуќност. Дури и покојниот татко и брат беа на трибините. Се играше изедначено, Кецман погоди два шута за предност на Партизан и останаа уште пет секунди.

Се вртам кон Радоњиќ и прашувам што да играм, а тој вели „Играј пик и поп со Шќека, нека шутира тројка“, а си мислам „Што Шќека…“. Ја зедов топката, тргнав во продор, поминав покрај Џаваи, направив финта што ја научив во пионерите и лесно постигнав кош. Победивме во последната секунда, но не бев среќен. После тоа, татко ми не разговараше со мене еден месец “, рече Оташевиќ.

Погледнете го целиот поткаст овде: