“ПОСТОИ ГОЛЕМА И СЕРИОЗНА ОПАСНОСТ!“ – Искусниот Хенри Кисинџер открива што ќе се случува во Израел: “И Германците ја направија истата грешка…“

Нападот на Хамас врз Израел е фундаментален напад врз светскиот поредок, Европа треба да го поддржи Израел, тврди поранешниот американски државен секретар, Хенри Кисинџер (100 г.). 

Искусниот американски дипломат беше интервјуиран од Матијас Допфнер, директор на најголемата германска медиумска компанија Axel Springer SE, која е сопственик на најтиражниот германски весник Bild, како и угледниот Politico.

Хенри Кисинџер е роден во Германија, од каде тој и неговото семејство побегнале од нацизмот во 1938 година. На прашањето како се чувствува кога видел некои Арапи на улиците на Берлин како го слават нападот на Хамас врз Израел, тој рекол дека тоа е болно. 

Масовната имиграција беше тешка грешка“, изјавил 100-годишниот Хенри Кисинџер во интервјуто објавено на Politico.

Беше голема грешка да се пуштат толку многу луѓе од сосема различни култури, религии и вредносни системи“, истакна поранешниот американски државен секретар, бидејќи тоа, според него, создава група на неистомисленици во секоја од овие земји што создава притисок.

Отворениот акт на агресија на Хамас мора да се соочи со казна“, истакна тој и додава: „Делумно, ова е последица на тоа што Хамас мисли дека – со поддршка на соседните земји и со неактивноста на другите, вклучително и Европа – може да направи такво нешто без да трпи страшни последици“.

Тој предупреди на потенцијалот за опасна ескалација во регионот. На прашањето која е, според него, главната цел на Хамас кога нападна, тој одговорил дека тоа е да го мобилизира арапскиот свет против Израел. Тој предупреди на опасноста од Иран и акумулацијата на оружје во Либан што може да се користи против Израел.

Конфликтот на Блискиот Исток носи опасност од ескалација и вклучување на други арапски земји под притисок на нивното јавно мислење“, истакнува Хенри Кисинџер, потсетувајќи на лекциите научени од војната во Јом Кипур од 1973 година, за време на која арапската коалиција предводена од Египет и Сирија го нападна Израел.

Тогаш светот имаше среќа што имаше арапски лидер со визија за иднината, со кој можеше да се склучи мир“, вели Хенри Кисинџер, нагласувајќи дека не верува дека Хамас денес има таква личност.

Сметам дека Хамас мора да биде исклучен од политичката сцена“, изјавил искусниот дипломат.