ПОТЕГ КОЈ ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ – Почна втората фаза од испуштањето радиоактивна вода од Фукушима во Тихи Океан
Раководството на јапонската нуклеарна централа Фукушима, уништена во март 2011 година од цунами, објави дека во четвртокот ја започнала втората фаза на испуштање на прочистена радиоактивна отпадна вода во морето, откако првата фаза беше завршена без проблеми.
Компанијата TEPCO, која е оператор на Фукушима, објави дека работниците активирале пумпа која ја разредува прочистената вода со додавање на големо количество морска вода, која потоа полека се испушта во океанот преку мрежа од подземни тунели.
Испуштањето на отпадните води од Фукушима, кое се очекува да трае со децении, наиде на силно противење од здруженијата на рибари и соседните земји, вклучително и Јужна Кореја, каде стотици луѓе организираа протестни собири.
Кина целосно го забрани увозот на јапонски морски плодови, што им нанесе сериозна штета на јапонските рибари и извозниците на морска храна.
Првата фаза на испуштање на отпадните води од фабриката започна на 24. август, а заврши на 11. септември.
За време на првата фаза од испуштањето, TEPCO соопшти дека 7.800 тони пречистена вода биле испуштени од 10 акумулации.
Во втората фаза од испуштањето вода, TEPCO планира да испушти уште 7.800 тони пречистена вода во Тихиот Океан во текот на 17 дена.