ПОТЕГ КОЈ МНОГУ ЌЕ ГО НАЛУТИ ВЛАДИМИР ПУТИН – Поранешна држава од Советскиот Сојуз и забива нож во грбот на Русија: Оваа земја е домаќин на заедничка воена вежба со САД !?

Ерменија денес објави дека следната недела ќе биде домаќин на заедничка воена вежба со Соединетите Американски Држави (САД), што веројатно ќе ја налути Русија.

Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека целта на вежбата „Eagle Partner 2023“, која треба да се одржи од 11. до 20. септември, е да ги подготви ерменските сили за учество во меѓународни мировни мисии. Според информациите, не е наведено колку американски и ерменски војници ќе бидат вклучени во воената вежба.

За потсетување, Русија има своја воена база во Ерменија и се гледа себеси како доминантна сила во регионот на Јужен Кавказ, кој беше дел од Советскиот Сојуз до 1991 година. Таа, исто така, одржува мировни сили во регионот за да го поддржи договорот со кој заврши војната меѓу Ерменија и Азербејџан во 2020 година, втора војна во која тие се борат по распадот на Советскиот Сојуз.

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, изјави во интервју за италијански весник за време на викендот дека Русија не успеала да ја заштити Ерменија од, како што вели, континуираната агресија од Азербејџан

Никол Пашинјан

Никол Пашинјан посочи дека руската војна во Украина значи дека Кремљ не е во состојба да ја гарантира безбедноста на Ерменија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходниот ден изјави за новинарите дека не се согласува со забелешките на Никол Пашинјан.

Русија е апсолутно составен дел од овој регион“, вели Димитриј Песков и додава: „Русија игра доследна, многу важна улога во стабилизирањето на ситуацијата во овој регион… и ќе продолжи да ја игра таа улога