ПОТОНА БРОД БЛИЗУ ПОЗНАТО ОДМАРАЛИШТЕ: Има жртви, досега се спасени 8 лица

Најмалку четири лица загинаа откако брод со туристи потона во водите на брегот на Канкун. Брод кој патувал од Исла Мухереш до Пуерто Хуарез бил погоден од силни бранови, а водата навлегла во внатрешноста, поради што бродот потонал. 

Во моментот на несреќата во авионот имало 16 туристи и тројца членови на екипажот, соопштија властите.

Најмалку четири лица се потврдени мртви, двајца возрасни мажи, една возрасна жена и една малолетна, додека седум лица се уште се водат како исчезнати.

 Властите се уште не го соопштуваат идентитетот на патникот, а акцијата за спасување е во тек. 

Досега се спасени осум лица, но засега не се знае нивната состојба, како и националноста на патниците.